Учителка им рекла на децата да играат една игра.
Им донела торба со компири и им рекла да земат толку компири колку што мразат луѓе. Секој компир го претставувал еден човек кој го мразат.

Некои деца зеле по 2 компира, некои 3, некои 5…
Учителката им рекла да ги носат компирите со себе каде и да одат, дури и во тоалетот, во текот на една недела.
Деновите минувале и децата почнале да се жалат на непријатниот мирис од расипаните компири. Оние кои носеле најмногу компири им било најтешко и најмногу мирисале.
По една недела играта завршила. Учителката прашала како се чувствувале во текот на оваа недела.
Децата почнале да се жалат колку им било тешко да ги носат компирите со себе. Учителката им го објаснила значењето на оваа игра:
– Истото се случува кога чувате во срцето омраза кон некого. Смрдеата на омразата ќе навлезе во вашето срце и вие ќе ја носите насекаде со себе. Ако ви е тешко
да го поднесете мирисот на расипаниот компир за една недела, замислете што ќе се случи ако го носите отровот на омразата во своите срца до крајот на животот?

Исфрлете ја омразата од своите срца за да не носите товар и смрдеа цел живот. Да научите да ги заборавате лошите работи и да простувате е најубавото нешто во животот.

Сподели на Facebook
пати видено