Мајсторот на минијатурата, Џон Алмеда, создава рачно изработени керамички садови со големина нешто повеќе од еден сантиметар, коишто се детално украсени и совршени колку и нивните големи аналози.

Уметникот од Вашингтон изработува вази, бокали, па дури и чајници доволно мали за да можат да застанат на четкичка за заби или врз паричка. И покрај големината, делата се доволно цврсти да издржат стандарден процес на глазура со што се финализира изработката на керамичките садови. Алмеда употребува специјално дизајнирано моторизирано грнчкарско тркало и со прецизна контрола ги изведува минијатурните техники на рачна изработка за секој од предметите.

almeda-1 almeda-2 almeda-3 almeda-4 almeda-5 almeda-6 almeda-7

Сподели на Facebook
пати видено