15-годишниот Космо Тејлор, од Инвернес, Шкотска, не е обичен тинејџер. Тој е најмладиот професионален бодибилдер во Велика Британија. Во теретаната на мини мускулџијата друштво му прават неговата сестра Бронвин (19), шампионка во кревање тегови и татко му Ендрју (47), кој исто така е бодибилдер.

Космо почнал да вежба на 11 годишна возраст, а прв пат настапил како натпреварувач минатата година во ноември. Иако некои доктори предупредуваат дека Космо е премлад за толку многу да го оптеретува своето тело, тој нема намера да се откаже од мисијата да постигне совршено тело.

Сподели на Facebook
пати видено