Дилан Чидик се преселил со неговата мајка во САД, од Тринидад. На неговата самохрана мајка ѝ било тешко да се грижи за него и неговите двајца помали браќа близнаци кои имале сериозна болест на срцето. Тие поголем дел од времето биле бездомници и немале постојано живеалиште.

Иако поради неговата ситуација 17-годишниот Дилан ги немал соодветните услови за да може да учи како и сите останати ученици тој успеал да стане ученик на генерација и претседател на средношколците.

Момчето имало голема желба да се запише на факултет, но неговата финансиска ситуација го отежнувала тоа. Сепак аплицирал на 20 факултети.

Од овие, 17 факултети му ја прифатиле апликацијата. Благодарение на хуманитарна организација Дилан и неговото семејство сега имаат дом и на него останува да одлучи на кој факултет ќе се запише.

Дилан вели дека би сакал да студира Политички науки на универзитетот во Њу Џерси, каде што и живее. „Моето семејство помина низ многу работи и многу луѓе ми велеа ‘Нема да успееш’ или ‘Нема да го постигнеш тоа’ и јас кога го постигнав ова го потврдува она што го зборував. Јас можам да го сторам тоа и јас ќе го сторам тоа.“

Сподели на Facebook
пати видено