Професор од Северна Каролина во петокот видел сосема нов свет откако група посветени учениците решиле да му подарат специјални очила бидејќи е далтонист.

Трент Хопкинс, кој воопшто не ги разликува сите бои, бил извлечен надвор од неговите ученици, кои поставиле шарени балони и знак на кој пишувало: „Го направивте нашиот живот посветол, ние сакаме да го направиме вашиот пошарен.“

Учениците му подаруваат на професорот по Социјални науки и Библија очила Enchroma, кои му овојзможуваат да гледа во боја за прв пат.

„Јас нема да плачам … Толку сум преплашен, дали ова се случува?“, вели со треперлив глас изненадениот професор. „Дали сте сериозни? толку многу пропуштив. Сѐ е различно… толку е чудно…сакам да повратам.“, додава Трент. Неговите ученици со месеци се организирале за да соберат доволно средства и да му ги купат очилата на професорот.

Трент вели дека е бескрајно благодарен на учениците, родителите и вработените во училиштето кои помогнале да се обезбеди неговиот подарок. „Бев убеден дека им предавам на најдобрите ученици на планетата. Денес тоа верување се потврди. За сите ученици, вработени и родители вклучени: Ви благодарам што додадовте малку боја и многу љубов во мојот живот.“, напишал Трент на социјалните мрежи.

Сподели на Facebook
пати видено