Буквално секој ден, Земјата е бомбардирана со околу 50 килограми метеорски материјал. Кога ќе паднат на Земјата, ретко прават каква било штета. На пример метеор кој паднал во Њујорк во 1992 година со голема на топка за куглање направил голем кратер во портокалов Chevrolet Malibu од 1980 година. Освен автомобилот, за среќа, немало жртви.

Меѓутоа, во случајот на метеорит Хоба, кој се смета за најголемо познато метеорско парче во светот со тежина од околу 66 тони, можеби најчудниот аспект е тоа што не оставил кратер откако паднал на Земјата. Научниците сугерираат дека масивната карпа очигледно се забавила додека продирала во атмосферата на Земјата. Тој толку многу забавил што Хоба стигнал до точка на терминална брзина, кога требал да удри на површината каде што паднал, во Намибија.

Тоа е причината зошто Хоба метеоритот останал недопрен. Поради неговата големина и тежина оваа железна карпа никогаш не била преместувана од местото на удар. Откако било извршено ископување Хоба не бил преместен. Скриен на фармата во централно-северните делови на Намибија, во близина на градот Гротфронтејн, метеорит Хоба или Хоба Вест, како што е познат, бил откриен од страна на земјоделец речиси случајно.

Името на земјоделецот било Херманус Бритс, а тој го пронашол метеорот во 1920 година, додека работел на фармата Хоба, која му го даде името на метеоритот. Според Бритс само горниот дел од карпата што бил видлив. Нејзината боја била црна, а околу неа имало варовник. „Го изгребав каменот со мојот нож и видов дека има сјај под површината.“, вели Бритс во една од неговите изјави.

Откако Бритс ги известил локалните власти за откритието, брзо било утврдено дека станува збор за метеорит. Гломазната карпа е составена од 84 проценти железо и 15 проценти никел и како вид на железен метеорит, тој е еден од највпечатливите примери што некогаш биле пронајдени на површината на Земјата. Околу 5 проценти од вкупниот број парчиња метеорити што паѓаат на Земјата се слични во нивниот состав на Хоба. Тие се исто така масивни, но не како овој, барем не засега.

Поради присуството на редок радиоактивен никел изотоп, експертите успеале да ја одредат возраста на метеоритот Хоба, која се проценува помеѓу 190 и 410 милиони години. Тој го завршил своето минување низ вселената и паднал на Земјата пред нешто помалку од 80.000 години.

Првите значајни научни анализи за овој метеорит биле направени во 1929 година и оттогаш, мегалитот се здобил со слава, а исто така страдал од вандали кои малку „помогнале“ да се намали оригиналната маса на Хоба. За заштита на огромената железен карпа, локалните власти направиле напори да го заштитат преку развивање на место за управување со посетители околу Хоба.

Мегалитот бил назначен за национален споменик во Намибија уште во 1955 година. Овој статус бил откажан во 1979 година и обновен во истата година, откако се проширила локацијата околу карпата. До крајот на 1980-тите, исто така бил изграден и информативен центар наменет за едуцирање на јавноста за метеоритот.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено