Водечки британски научник сугерира дека можеби наскоро ќе имаме можносто да манипулираме со сеќавањата. Можеби звучи како нешто од филмот „Тотално отповикување“, но според професорот Тим Блис, британски невролог, можеби наскоро ќе стане можно да се додаваат и отстрануваат сеќавања исто како што зачувуваме и бришеме податоци од компјутерот.

„Мислам дека помнењето е една од основните вештини на умот, којашто на крајот ќе успееме целосно да ја разбереме“, вели тој. „Не би можел да го кажам истото и за другите функции на умот како свеста. Што се однесува до помнењето, мислам дека имаме добра претстава што точно се случува. Со оглед на тоа, тогаш може да се постави прашањето – Дали би можеле да инсталираме сеќавања коишто не сме ги имале? Теоретски тоа е можно. Во пракса, се разбира, тоа сѐ уште не можеме да го правиме сега, но не велам дека никогаш не би можело да се случи. Тоа е едно од оние нешта за кои општеството би требало да реши дали ќе се прават.“

br

Можеби таквата технологија на крај ќе се сведе на прашање на принцип – дали би сакале да имате сеќавања за нешто што всушност никогаш не се случило? На слично ниво, дали би ви било неудобно целосно да ви се отстранат некои сеќавања од вашиот ум? Според проф. Греам Колингриџ, отстранувањето на стресните сеќавања би можело да се покаже како предност во третманот на широк спектар на заболувања.

„Класичен пример за тоа би бил посттрауматскиот стрес, а друг пример би бил хроничната болка, што е форма на меморија“, вели тој. „Сега има цврсти показатели дека би можеле да почнеме да бришеме сеќавања со помош на лекарства, така што има добри причини манипулирањето на меморијата би можело да биде полезно во иднината.“

Сподели на Facebook
пати видено