Изразот „меме“ кој често се среќава на балканските простори, а кој е читање од буква до буква на англискиот збор meme, кој се разбира на англиски се изговара „мим“, самиот по себе е една „грешка во копирањето“, т.е. мим.

„Мемињата“ веќе долго време се секојдневие на социјалните медиуми. Но, дали знаеме од каде потекнува тој збор за карактеристичните слики и илустрации проследени со интересни мисли?

mm01

Имено, тој израз започнува да се популаризира со објавувањето на „Себичниот ген“, книга објавена во 1976, дело на познатиот биолог, дарвинист и активист Ричард Докинс. Како инспирација за оваа кованица Докинс ги наведува генетичарот Л.Л. Кавали-Сфорца, антропологот Ф.Т. Клоук и етологот Џ. М. Кјулен. Тргнувајќи од генот како репликатор-носител на еволуцијата и како основа на сиот жив свет, Докинс прави аналогија и со една друга единица која се размножува себеси, а која има клучна улога за развојот на човечкото однесување и културната еволуција – единица којашто тој ја нарекува мим (meme) по аналогија на генот (gene).

haripoter

Но, и тоа „мим“ не го извлекол од ракав, се разбира. Изразот е кратенка кој се содржи во грчките зборови „мимема“ (μίμημα), „мимеистхаи“ (μιμεῖσθαι) и „мимос“ (μῖμος), со значење имитација, подражавање. Па така, на ист начин како што гените при нивното размножување преку копирање прават „грешки“ и на тој начин мутираат, групирајќи се и формирајќи најразлични организми кои понатаму дополнително мутираат и еволуираат, на истиот тој начин и некакви основни „културни гени“, т.е. мимови (или би можеле да ги наречеме и меми, доколку сме доследни на неговиот принцип на аналогија со гени), се размножуваат во човечките глави преку копирање, а преку копирање на тие основни културни единици се случуваат грешки, па така и културите еволуираат и се формираат најразлични нијанси и разнообразности.

mm03

Ричард Докинс

Според тоа, и изразот „меме“ кој често се среќава на балканските простори, а кој е читање од буква до буква на англискиот збор meme, кој се разбира на англиски се изговара „мим“, е токму една таква „грешка во копирањето“, т.е. мим.

Летото сѐ уште трае. Доколку ви треба солидно четиво за на плажа, ви ја препорачуваме „Себичниот ген“ на Ричард Докинс. Можеби нема да се согласите со сѐ што пишува во неа, но со сигурност нема да ве остави рамнодушни и ќе ви отвори нови хоризонти за размислување.

mm03

Сподели на Facebook
пати видено