Мекларен му го откри на светот својот нов спортски автомобил со две седишта, на кој му „недостасуваат“ неколку работи. Додека се чини дека шофершајбната е составен дел од возилото, стандардните верзии на „Мекларен Елва“ нема да го имаат овој дел.

И тоа не е сѐ… Производителот тврди дека на возилото нема да му треба, благодарение на неговиот умен Активен систем за управување со воздухот.

Кога Елва патува над 40 километри на час, системот го насочува воздухот низ носот на автомобилот пред да биде испратен – од предната обвивка со голема брзина пред патниците. Тогаш е насочено над кабината за создавање релативен „меур на смиреност“. Благодарение на овој воздух кој делува како штит, воздух кој доаѓа е насочен околу автомобилот, а не директно кон патниците.

Кога автомобилот патува под 40км/ч, протокот на воздух патува во радијатори со ниска температура за да го засили излезот на моторот и да го лади маслото.

Но што ќе се случи доколку автомобилот се преврти? Дали ова значи сигурна смрт за патниците? За среќа не, бидејќи систем за заштита од превртување е инсталиран во автомобилот за да ги заштити оние што се внатре.Металните шипки ќе се распоредат од задното патничко седиште веднаш штом автомобилот открие дека ќе се преврти.

Супермобилот „Елва“ е придвижуван од 804 коњски сили со турбо-V8 мотор и достигнува од 0-100 километри на час за помалку од 3 секунди. Исто така може да достигне неверојатни 200 километри на час за само 6,7 секунди. Мекларен потврди дека Елва е најлесниот автомобил досега направен од производителот на автомобили со седиште во Вокинг.

Ако сакате да купите еден од овие футуристички автомобили, тогаш ќе ве чинат 1.5 милиони евра. И, ако сте загрижени да ги соберете средствата, подобро е да бидете брзи, бидејќи ќе бидат направени само 399 од овие возила. Првите возила се очекува да бидат испорачани кон крајот на 2020 година.

Сподели на Facebook
пати видено