Меги била пронајдена во Либан со 17 рани од куршуми, извадени очи, исечено уво и скршена вилица. Кутрото 5-годишно животно исто така било бремено во моментот кога била откриена, додека била врзана за кутија.

Минатата година, среќата на Меги се промени откако таа беше спасена од добротворна организација, Wild On Heart.

Откако ја слушна ужасната приказна за Меги, Кејси, љубител на кучиња од Брајтон, одлучи да го прифати напуштеното животно и да му понуди подобар живот. По шестмесечна онлајн кампања, Кејси успеа да организира Меги од Либан да биде префрлена во Англија.

Животот за Меги е значително различен во Брајтон, сега кучето служи како инспирација за издржливост и желба за живот. Таа има повеќе од 80.000 следбеници на Инстаграм и доби лиценца за тераписко куче, во домови за нега, болници и универзитети за ширење позитивност.

Иако Меги поминала низ ужасни моменти Кејси вели дека таа се однесува како нормално куче со „заразен дух“. Меги постојано ја следи Кејси и не се плаши да ги прави работите кои навидум се невозможи за куче во нејзината состојба.

Сподели на Facebook
пати видено