На какви сѐ ризици се изложуваме кога купуваме облека и други работи, поведувајќи се по нивната евтина цена? Прочитајте го искуството на Саша Јадријевиќ – Томас, новинар за хрватскиот весник „Слободна Далмација“.

Тоа утро врнеше силен дожд. Ме фати порој. Се скрив во еден трговски центар, но и покрај тоа бев мокар. И дури таму, повлекувајќи ги ракавите, со запрепастување сфатив дека рацете ми се потполно сини. Си помислив – откаде сега овие модрици? Но, тоа не беа модрици, туку боја која ја испуштила накиснатата маица. Големи количества боја. Не само рацете – целото торзо ми беше сино, а големо количество боја ми се беше насобрала под пазувите.

Маица марка „Смог“ со долги ракави, произведена во Кина, купена минатиот ноември во продавница на „Њу Јоркер“, неколку пати испрана и носена во текот на зимата, но тогаш од боја немаше ни траг. Но, топлиот мајски ден кој заврши со дожд беше премногу за маицата. Ги измив рацете и трчајќи тргнав на работа, надевајќи се дека на испуштањето му дојде крај. Но, рацете сега ми беа уште посини, а имав видливи траги и на вратот. Веројатно и потта доболнитело ја „растопила“ маицата.

m01

Кога стигнав на работа, колегите во редакцијата ме гледаа зачудено и ме прашуваа што тоа ми се случило. Една колешка помислила дека сум се степал. Маицата пуштила боја, објаснив, а тие почнаа да ме зафркаваат нарекувајќи ме „штрумф“. Но, мене не ми беше до смеа – и читав и пишував дека во облеката која во Европа се увезува од Азија би можело да има потенцијално канцерогени азо-бои.

m02 m03

Поради тоа во редакцијата на „Слободна“ веднаш се дадовме во акција: еден колега ме фотографираше, потоа ги исконтактирав професорите на Текстилно-технолошкиот факултет во Загреб, како и Заводот за јавно здравство. Ми беше советувано маицата веднаш да ја пратам во независна лабораторија на акредитираната фирма „Мирта-Контрол“ која се занимава со испитување, сертификација и вештачење ткаенини, а наодите и мислењето го потпишува инженерот Маријан Поводник, постојан судски вештак за текстил, кожа и обувки.

Кога со сина кожа и сина долна облека стасав дома и се истуширав, и кадата остана сина. Знам дека облеката понекогаш ќе пушти малку боја, но никогаш не сум слушнал да се „растопи“ и да го обои речиси целото тело. И на сѐ озгора, маицата испушташе и некои кончиња, ронки па сѐ до пристигнувањето дома бев во страв целата да не се распадне.

m05

Маицата ја пративме во Загреб во споменатата лабораторија, анализата плаќајќи ја 3600 куни (околу 29 440 денари з.н.). Резултатот беше следниот:

– Со спроведеното вештачење утврдивме дека причината за настанувањето на предметната појава на преминување боја на кожата е изразително лошата издржливост на обоеноста на маицата на влажно триење, каде во комбинација со не баш добрата издржливост на бојата на пот и необично високата склоност на маицата да испушта памучни влакна при триење, сѐ уште повеќе се засилува.

Имено, со спроведеното лабораториско испитување е утврдено дека оценката за постојаноста на обоеност на влажно триење на маицата изнесува 1, а најлошата оцена за постојаност на пот е 2, на скала од 1 до 5, наведува вештакот Поводник и продолжува:

– За колку лоша постојаност на обоеност на влажно триење се работи, може да се види од фотографиите, а особено на влажно. Утврдена е појава на силен интензитет на испуштање памучни влакна од материјалот што создава дополнителна неудобност. Врз основа на извршеното вештачење, на мислење сме дека се работи за производ со лош квалитет кој како таков не би смеело да се стави на продажба, а без притоа да не биде означен како роба со грешка, стои меѓу другото во мислењето на вештакот Поводник, за на крај да се наведе дека не се пронајдени азо-бои.

Лабораториското испитување го извршила дипл. инж. Кристина Шалин Зетаиќ, а обработката ја одобрила дипл. инж. Сања Зориќ. На проф. д-р Ѓурѓица Парац-Остерман исто така и пративме фотографии од маицата и испуштањето боја, и ја замоливме за коментар.

– Сигурно сте купиле памучна маица. Боите кои денес исклучиво се употребуваат се реактивни, со висока постојаност. Вашата маица била толку „убава“, а сигурно и евтина, што всушност говори дека биле употребени бои кои веќе не се употребуваат, со многу слаба постојаност, а со силен тон (директни бои – Кина и некои азиски земји сѐ уште имаат голема залиха на овие бои што другарите од Европа уште во 80-тите евтино ги продадоа и еколошки ја исчистија Европа). Ова што го напишавте за постојаноста на обојувањето, верувајте ми, одамна не сум видела такво нешто, а порано имаше такви случаи – ни вели проф. Остерман, којашто ја прашавме дали боите би можеле да бидат штетни ако се испуштат врз кожата.

– Денес голем број на бои се повлечени од паарот поради докажаната токсичност. Меѓутоа, и секоја друга боја, ако има слаба постојаност на пот, може да предизвика алергии, а и повеќе од тоа. Потребно е да се знае дека бојата е со специфична хемиска конституција, па ако се најде во органимот, може да дојде до разградување (човечкиот организам има најсложен хемиски состав со сите можни хемиски реакции), па во зависност од разградниот производ да предизвика секакви проблеми. Мој совет е – кога купувате обоени производи, со бело крпче проверете го триењето. Ќе добиете вистински одговор на стабилноста на бојата на влакното – предупредува професорката.

m06

Пред да ја пратиме маицата на анализа, го замоливме токсикологот Здравко Ловриќ да ни го прокоментира спорниот случај.

– Боите кои се користат кај облеката можат да бидат со различен состав и потекло. Од видот и потеклото на бојата зависи и нејзината растворливост, како во водата, така и во пот…Еве малку историја на испуштање боја од различни облеки: пред четириесеттина години а првпат се сретнав со испуштање боја од сини патики „Адидас“. Што поради потта, што поради дождот, по собувањето на патиките воочив дека белите спортски чорапи ми се потполно сини. Бојата продрела дури до кожата. Меѓутоа, при туширањето бојата се изми. Но, и покрај перењето, чорапите останаа синкави. Потоа ми се случи нешто слично и со фармерки – вели г-н Ловриќ.

– Знаеше да се случи определени парчиња облека да бидат повлечени од продажба затоа што содржеле отровна боја како азо и слични бои. Тие производи претежно доаѓаа од Кина и други земји во кои таа облека е многу евтина, а една од причините за тие ниски цени веројатно е и квалитетот на материјалот, боите и сето тоа што придонесува за висината на цената. Заводите за јавно здравство во сите лаборатории често ги контролираат предметите за општа употреба, па и облеката. Штом ќе се препознае некаква неправилност како недозволени бои и сл. тие предмети веднаш се повлекуваат од пазарот.

Мислам дека не треба да се прашува што да се прави кога облеката ќе ви ја обои кожата. Треба да се постапи како и при секое валкање. Треба да се измиете и да ја отстраните бојата и тоа без разлика дали се работи за некоја инертна боја или некоја која би можела да навлезе и преку кожата. Општо земено, апсорпцијата преку кожата оди слабо и бавно, па со навремено миење може да се отстрани секоја загриженост за штетните последици на тие хемикалии. Што се однесува до облеката, доколку не сакате да се повторуваат вакви ситуации, веќе немојте да ја носите или перете ја сѐ додека не престане да пушта боја, па ако сѐ уште ги задоволува вашите естетски мерила, можете повторно да ја облечете -вели Здравко Ловриќ.

m07

Д-р Златка Кнезовиќ, која управува со Одделот за хемиско испитување во Наставниот завод за јавно здравство, исто така ја замоливме за коментар.

– До сега не сме имале ваков случај. Според правилникот за здравствена исправност на предметите за широка потрошувачка чл. 59 и 60 е пропишано дека предметите за широка потрошувачка мораат да соодветствуваат на нормите, т.е. да не испуштаат бои, тешки метали…во количества кои се штетни по здравјето, наведува д-р Кнезовиќ.

И Мери Продан-Бедалов од Наставниот завод за јавно здравство вели дека „кај квалитетната облека не би требало да дојде до испуштање на боја.“

Лидија Барушиќ, која управува со Лабораторијата за предмети за широка потрошувачка во Заводот „Андрија Штампар“, наведува дека испуштената боја може да претставува опасност по здравјето на потрошувачот ако содржи азо-бои. Тоа се вештачки бои кои во својата структура содржат азот. Има 22 такви кои со закон се ограничено дозволени бидејќи имаат алергиско, а при долготрајна изложеност и канцерогено дејство.

Во секој случај, маицата не е за носење, порачува г-ѓа Барушиќ.

Извор: Слободна Далмација

Сподели на Facebook
пати видено