На една жена и починал мажот и таа многу страдала. Не можела да се соземе дури цела година по неговата смрт. Случајно запознала еден човек кој се занимавал со реинкарнација, контакти со духови и сл. Го замолила да ја поврзе со нејзиниот сопруг.
Направил чуден ритуал, зборувал чудни зборови и успеал да се поврзе со духот:
– Пешо, ти ли си?
– Јас сум Маро, кажи како си ти, добро ли си?
– Пешо, тешко ми е за тебе, од работа дома, од дома на работа… Кажи ти како си?
– Па добро сум: Наутро се будам, имам секс, потоа доручкувам, пак имам секс, потоа дошло време за ручек-ручам, потоа пред попладневното спиење пак секс, кога ќе се наспијам пак секс, каснувам и секс, и дошло време за вечера- вечерам и после пак секс, легнувам да спијам и наутро исто…
– Лелелеелелееееее Пешооо! Ти да не си отишол во рајот?
– Аха… рајот, како не. Се реинкарнирав – зајак сум тука во Долно Соње!

Сподели на Facebook
пати видено