Еден маж седнува во ресторан и му нарачува на келнерот:
– Сакам да ми испржите јајца… Од едната страна да се пресолени, од другата несолени. Од едната страна да се живи, од другата изгорени. И кога ќе ми ги донесете со се тавата, да ја треснете на масата и да речете „На, гнети, говедо!“
Келнерот целиот збунет не знае што да му одговори…
Муштеријата објаснува:
– Брат, многу сум тажен, цел месец сум на службено патување. Сакам барем еднаш да вечерам како дома.

Сподели на Facebook
пати видено