Пред неколку години, поранешната инструкторка по јога Пак Џи Вон од Јужна Кореја, добила ќерка, но паднала во постпородилна депресија. Поради ова таа развила нездрави навики во исхраната. Постепено нејзината тежина достигнала 86 килограми, што е премногу за една ситна жена.

Нејзиниот сопруг постојано ѝ се лутел, ја навредувал и ѝ кажувал колку е непривлечна. За да ја врати љубовта на нејзиниот сопруг жената 10 месеци држела диети и правела напорни физички вежби. Таа успеала да изгуби 40 килограми. Но, наместо конечно да го види нејзиниот сопруг среќен, тој продолжил да ѝ вели дека сѐ уште изгледа ужасно.

Тогаш Пак сфатила дека овој брак е токсичен и решила да се разведе. Според неа откако се развела со сопругот започнала нов живот. Сега има блог каде им дава совети на претплатниците за губење на тежината и споделува рецепти за здрави оброци.

Сподели на Facebook
пати видено