Веруваме дека на жените често им се случува при разговорот со сопругот да делува како тој да не ги слуша и верувале или не тие не ги измислуваат овие работи. Но, не е ни изненадување што ова се случува кога ќе ги замолите: „Крени си ги боксерките од подот“, „Ќе одиме ли на шопинг?“ или „Може лид а гледаме серија наместо фудбал?“.

Не се грижете доколу ова ви звучи премногу познато, затоа што според новата студија огромни три четвртини од Британците веруваат дека нивниот партнер има „селективен слух“ – и мажите се очигледно полоши од жените.

Всушност, во текот на една година, мажите „нема да слушнат“ што вели нивната партнерка вкупно 388 пати. Да го ставиме тоа во перспектива, тоа е повеќе отколку што има денови во годината. За споредба, жените ќе изберат да не слушаат вкупно 339 пати годишно. Експертите од „Scrivens Hearing Care“ кои го направиле истражувањето предупредуваат дека ова би можело да биде повеќе од едноставно „мрзеливост“ – и, всушност, може да биде знак на вистински потешкотии во слухот.

Повеќе од половина од 2.000 анкетирани возрасни лица признаа дека се загрижени дека „селективниот слух“ на нивниот партнер може да биде знак на нешто позагрижувачко. Околу четири од 10 отидоа толку далеку што велеа дека „се сигурни“ дека нивниот партнер има потешкотии со слухот.

Не само тоа, туку една третина од анкетираните изјавиле дека нивниот партнер се чини дека се обидува да им чита усните затоа што не може да го разбере тоа што им се зборува, а 47% признале дека нивната друга половина има тенденција да мрмори – два индикатори за губење на слухот.

Сподели на Facebook
пати видено