45-годишната Анџела Слин од Англија не му кажала на нејзиниот отуѓен сопруг дека ќе лета во Индија за да се сретне во живо со 30-годишниот Џаспал Синг со кого се запознала на Фејсбук. Но, недела по слетувањето, мајката на три деца починала во болница како последица на пневмонија. Г-ѓа Слин, која работела како медицинска сестра, за патувањето им кажала на децата, но не и на нејзиниот сопруг. Нејзината сопруга се прашува како е возможно совршено здрава жена како Анџела одеднаш да почине од пневмонија. Интернет љубовникот на Анџела, Џаспал Синг, вели: „Не ми се верува дека таа повеќе не постои.“

Љубовниот пар често взаемно си коментирале на сликите постирани на фејсбук со зборови како „љубов моја“, „прекрасна си“, а на 2. јануари го смениле својот статус со што пријателите и семејствата ги известиле дека се заедно. Иако се случува при патувања да се случат вакви ненадејни заболувања, сепак ова е уште еден пример дека познанствата склучени преку интернет носат свои ризици, кои можат да завршат со фатален крај.

ind01 ind02 ind03 ind04  ind06 ind07

Сподели на Facebook
пати видено