Неверството си има своја цена во Северна Каролина. Еден маж успешно го тужеше љубовникот на неговата сопруга за сурова сума од 750.000 долари. Кевин Хауард бил во брак со неговата сопруга 12 години. За него бракот бил нешто свето и разводот му дошол како огромен шок.

„Тоа беше најтешкото нешто со кое сум се соочил, беше како некој да ви јавил дека член од семејството трагично починал.“, вели тој. Нешто морало да се стори. За среќа, Хауард, од округот Пит, можел да го тужи човекот со кој неговата поранешна сопруга го изневерувала заради „отуѓеност од љубов“ – и тој победи на големо.

Законите за „отуѓување на љубов“ понекогаш познати како „закони за уништувачи на домови“, сè уште се правни форми на дејствување на Хаваи, Мисисипи, Њу Мексико, Јужна Дакота, Јута и Северна Каролина. Според Институтот за правни информации на Правниот факултет Корнел, законите му овозможуваат на брачниот другар да тужи некого за „намерно мешање во брачниот однос“ – и тоа е токму она што го сторил Хауард.

Нивниот развод не дошол одеднаш. Кога неговата сопруга прв пат му кажала дека сакаат да се разделат првин се обиделе со брачно советување. Но Кевин се сомневал во нешто и решил да најми приватен детектив и тогаш ја открил аферата. Тој дури и го сметал човекот за пријател.

„Тој ѝ беше колега од работа на мојата сопруга. Тој доаѓаше кај нас дома и јадеше со нас. Ние споделувавме приказни и разговаравме за личните животи. Го сметав за пријател.“, вели Кевин.

Синди Милс, адвокат на Хауард, вели дека обвинетиот првично се смеел на случајот. Но, сега кога треба да даде 750.000 долари не веруваме дека му е повеќе смешно. Синди има искуство со овие закони и најмалиот износ кој требал некој да го плати бил 60.000 долари, а најголемиот 5,9 милиони.

Сподели на Facebook
пати видено