Страсниот играч на покер Брајан Зембек бил предизвикан од друг коцкар да си стави градни импланти и да оди со нив една година, за да добие облог вреден 100 000 долари.
Дваесет години подоцна мажот продолжува да си го носи бујното деколте и за тоа добива по 10 000 долари годишно. Ова започнало во 1996 година и Брајан бил цврсто решен да го добие облогот, но и во тоа не можел да ја изневери својата страст – коцкањето. Успеал да најде пластичен хирург кој исто така бил страстен коцкар и по неколку игри табла си освоил бесплатна операција за вградување силиконски гради.
Неговата сопруга и децата веќе навикнале на неговиот необичен изглед, а тој вели дека му е страв да ги извади градите, бидејќи после нив ќе остане нешто што ќе личи на „виснати мокри чорапи“.

