Да се раскине врска не е секогаш лесно. Скоро сите се прашуваат како да стават крај на врската без да ги повредат чувствата на другата личност. Најлош начин да раскинете некому е преку СМС. Еден корисник на Твитер решил да внесе неколку броеви по случаен избор и да им „раскине“ на непознатите луѓе. Некои од нив не ја сметале неговата постапка за хумористична.

„Раскинав со еден куп луѓе оваа утро.“, напишал Мајк Примавера на својот профил и објавил фотографија од сандачето за СМС каде што има повеќе пораки кои гласат: „Ова не функционира. Раскинувам со тебе.“

Планот на Мајк бил да раскине со еден куп луѓе за да си ја „зголеми самодовербата“, но не објаснил како ваков чин може да ја зголеми самодовербата. Еве неколку преведени пораки, од одговорите кои ги добил Мајк на неговата СМС порака за раскинување.

 

Сподели на Facebook
пати видено