54-годишниот Роберт Крок од Охајо случајно го видел Инстаграм профилот на 27-годишната Софија Спалино во ноември минатата година и првично мислел дека тоа е внуката на неговиот пријател, која сега пораснала.

Бидејќи не бил сигурен по некое време решил да направи скриншот од фотографија на Софија и да ја испрати на својот пријател за да потврди дали е тоа неговата внука.

Одговорот на неговиот пријател?: „Не ми е внука, но изгледа прилично секси.“ Роберт тогаш решил да „ризикува“ и продолжил да ја следи Софија на социјалната мрежа. Тој собрал храброст и да ѝ пише и иако Софија првин се зачудила зошто повозрасен човек решил да ѝ пише, сепак му вратила и тука запознала нивната комуникација.

27-годишната вели дека нивната „заедничка страст кон претприемништво“ им овозможила да формираат брзо пријателство, кое потоа брзо се развило во романса по што се гледале на FaceTimе со часови. Откако разговарале секој ден во рок од еден месец, двајцата се чувствувале подготвени да се запознаат и Роберт, претприемач и сопственик на Сили Банц, ја убедил Софија да патува над 1.600 км со авион за нивниот прв состанок.

Софија вели дека бидејќи често комуницирале и ѝ се допаѓал Роберт одлучила да помине толкав пат за да биде со него. За него вели дека е вистински господин и на првата вечера ја прашал дали може да ја држи за раце и дали може да ја бакне.

Па, што ја привлече Софија кај милионерот Роберт? Неговото срце, пред се, но и начинот на кој тој комуницира со луѓето. Барем така вели таа. Парот вели дека не им пречи што некои луѓе ги гледаат чудно и дека нема да дозволат бројките да им ги контролираат чувствата.

Сподели на Facebook
пати видено