На крајот на ноември, сопругот ќе биде подложен на вазектомија. Ова значи дека наскорот тој ќе остане без својата „плодност“, но решил сопругата да ја потсети со „уникатен“ подарок за Божиќ.

Вазектомија или машка стерилизација е операција при која се подврзуваат семеводите кај мажот. На тој начин се оневозможува патот на сперматозоидите надвор од тестисите.

Заборавете на чоколади, цвеќиња и долна облека, овој маж сака на сопругата да ѝ подари накит. И тоа не било каков накит. Тој сака да ѝ даде прстен со неговата сперма. Таткото на 5 деца е спремен да плати 2.000 евра за прстенот без да се двоуми.

„Знам дека ова е супер чудно, но треба да направам вазектомија на крајот на ноември и сакав да направам нешто смешно со последните неколку живи сперми што сум го добил, како вид на чувар на машкоста. Ќе ѝ го подарам на сопругата за Божиќ ќе ја почекам да каже дека е убав, ќе ја оставам да го поноси неколку часа, а потоа ќе ѝ кажам од што е направен.

Сподели на Facebook
пати видено