Колумбија и сѐ е можно. Сопругата на Жаиро Варгас го фатила како ја изневерува со друга жена во мотелска соба во крајбрежниот град Баранкила и му дала ултиматум. Му кажала дека ќе му го прости неверството само ако легне гол на кровот од нејзиниот автомобил и така да парадира низ градот.

За понижувањето да биде уште поголемо Варгас бил уапсен од страна на полицијата поради нарушување на јавниот ред и мир. Сепак најверојатно наскоро нема да му текне повторно да ја изневери сопругата.

Сподели на Facebook
пати видено