Секој ќе се согласи дека едно од најлошите нешта што можат да му се случат на еден маж е неверството на жената. Многумина ќе го побараат натрапникот лично да се пресметаат со него, а други пак едноставно си го пакуваат куферот и никогаш повеќе не посакуваат ни да ја видат змијата која толку време ја хранеле. Но, еден човек решил да се однесува како зрел маж и преку весник директно да се обрати до човекот кој му ја „работи“ жената. Тој составил едно многу сериозно обраќање, во кое пишува дека му го знае идентитетот, запознат е со целиот проблем и дека дури воопшто не е јадосан. Но, сепак имал некои важни барања кон него.
„Те молам, престани да ја оставаш крената штицата на тоалетната школка. Најчесто мене ме обвинува за таа грешка и тоа запчнува сериозно да ме заморува. Запомни дека тоалетната хартија се наоѓа под мијалникот и менувај ја колку можеш почесто. Причината за ова е што многу често мојот петгодишен син не се брише ако нема тоалетна хартија. И престани да им велиш дека си им чичко. Тие се мали, но не и малоумни. Престани да ги јадеш благите работи дома, колачињата ги прати мајка ми за нејзиниот роденден. Жена ми никогаш не зготвила нешто толку вкусно, ниту пак верувам дека ќе успее да зготви. И сакам да ти се заблагодарам што си ја извел за Св. Валентин. Кога јас ја изведов, веќе не беше толку гладна и си порача само една салата. Се надевам дека ќе можеш да ги почитуваш овие правила, во спротивно ќе морам да проговорам. Ако пак ги почитуваш, ќе оставам многу јасни знаци каде ќе бидам и колку време ќе се задржам.“