Дејл Ликс од Англија решил да ја стави својата девојка на eBay и да види колку луѓето ќе понудат на аукцијата. Но, тој не очекувал дека приказната ќе се одвива во овој правец.

34-годишниот Англичанец напишал дека неговата 37-годишна девојка Кели Грејвс е „само за делови или не работи“, со предупредување дека испушта „постојана лелекава бучава“.

Споредувајќи ја Кели со половно возило тој вели дека нејзината каросерија е „прилично уредна, но во блиска иднина ќе покажува знаци на изнемоштеност“, пред дапризнае дека „задниот дел малку протекува, но не е нешто што не може да се затне.“ Тој исто така додава дека „нема сериозна штета но може да се примети дека е користена“ и дека луѓето треба да имаат на ум додека лицитираат дека има 37 години.

Сепак, неговата мала шега излегла од контрола кога почнал да прима пораки од луѓе ширум светот. Огласот бил прегледан 81.000 пати за 24 часа, добивајќи повеќе од 100 понуди кои достигнале 70.200 фунти.

Дејл, кој живее во Колчестер, Есекс, бил преплавен со стотици пораки од потенцијалните купувачи кои прашуваат дали можат да ја „земат за тест возење“ или колку „претходни сопственици“ имала.

Дејл вели дека ѝ кажал на Кели дека ќе ја стави на eBay, но на неа не ѝ било грижа бидејќи мислела дека никој нема да го види огласот. „Отпрвин мислеше дека никој нема да го види и мислеше дека не е важно. Но вечерта отидовме на вечера и бевме бомбардирани со пораки од цела Европа па дури и од Америка и Австралија. Гледав во неа, но не ѝ кажував во кој правец отиде ситуацијата.“, вели Дејл.

За среќа на Кели целата ситуација ѝ била смешна, па дури и ѝ било мило што понудите стигнале до тој износ.

Сподели на Facebook
пати видено