Патниците на ферибродот од Њу Џерси до Њујорк забележале човек кој во лоши временски услови пловел на штица за веслање низ реката Хадсон. Збунетоста била предизвикана од фактот дека тој не бил облечен во специјален спортски костум. Тој бил облечен во деловен костим и дури имал и актовка. Името на овој човек е Скот Холт, има 32 години, и брзал да стигне на состанокот на работа.

Тој само ја земал актовката, скокнал на штицата и покрај бурните ветрови и проблематичните води, отпловил кон Менхетен. Тој се борел со елементите и ја направил својата необична авантура без поддршка. Скот дури немал ниту појас за спасување. Но, тој имал среќа и успеач да ја премине реката доста успешно во скоро 30 минути.

Скот се пошегувал дека патувањето му ги „светнало чевлите“. По неговиот „трик“ Скот бил пречекан од полицајци кои морал да ги убеди дека не се обидувал да изврши самоубиство. Сведоците биле шокирани, но скот вели дека не размислил доволно добро за да земе појас за спасување.

За назад Скот сепак решил да не оди по „авантуристичкиот“ пат и си купил карта за да се врати со фериброд.

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено