Маж од Нов Зеланд признал пред судот дека измамил жена да има секс со него, така што ѝ кажал дека е отруен и дека единствениот начин на кој што може да преживее е доколку таа спие со него. 24-годишниот маж е прогласен за виновен за сексуална врска предизвикана од закана.

Тој ѝ рекол на жената дека бил принуден да испие отров и дека ќе умре во рок од 48 часа ако не изврши одредени сексуални активности врз него. „Лекот“ бил тој да се испоти и да го исфрли отровот, а кога жената му предложила да трча, тој ѝ рекол дека мора да се испоти на „одреден начин“.

Како средство за поткрепа на приказната, жената почнала да добива e-mail пораки од непознат човек што ја поддржува неговата наводна приказна. Првин во пораките пишувало дека мажот треба да има секс три пати во рок од два дена. Во мејлот пишувало дека на овој начин отровот ќе биде исфрлен од телото. Барањата потоа почнале да се претвораат во закани.

На жената ѝ било кажано дека нејзините најблиски ќе бидат повредени и дека разголени слики од неа ќе бидат објавени на интернет. Заедно со заканите имало и ветувања на пари и автомобил, ако направи како што ѝ се налага. Во пораките имало одредби за вршење сексуални активности до седум пати на ден или „додека мажот не заспие“.

Жената му рекла на судот дека се придржувала само затоа што верувала дека животот на човекот е во вистинска опасност. Таа се посомневала дека обвинетиот ги пишувал пораките кога почнале да содржат голем број правописни и граматички грешки. Откако се доверила на пријател била охрабрена да го пријави човекот во полиција.

Сподели на Facebook
пати видено