Кејт Бејкер (61) и неговата сопруга Каролин (54) од округот Армаг во Северна Ирска, ја држеле затворена жртвата во нивната куќа цели 5 години. Ја извадиле рачката на вратата од собата, за да не може да побегне. Собата била без светлина, без постелнина и теписи, а тука жената извршувала и физички потреби , а и било дозволено да се тушира еднаш неделно.

Жртвата на која не и е откриен идентитетот, била на возраст од 40-тина години.Таа била со ментални пореметувања, а била пријавена за исчезната уште во 2004 година, од страна на нејзиниот сопруг. Бејкер ја сретнал на улица во 2012 година и понудил пари за сексуални услуги , потоа буквално ја примамил со слатки и бонбони,  за да дојде во неговата куќа.

Бејкер  ја силувал, а носел и негови пријатели на кои им дозволувал да го направат истото, додека тој ги снимал. Пријателите ја наградувале, за своето добро однесување, носејќи и слатки и чоколади, кои таа многу ги сакала. Поради нејзината исхрана, сите заби и биле оштетени.  Таа не се противела на нивното однесување, плашејќи се дека нема да ја добие наградата.

За случајот, во полиција пријавила Мис X. Истата жена Мис X, сведочела дека и таа била жртва на злоупотреба цели 20 години од страна на Кејт Бејкер.  Откако полицијата дошла во неговиот дом, тие ја затекле жртвата гола во соба полна со фекалии и отпад.  Тој паралелно имал две врски, едната со сопругата со која има четири деца и една со жената именувана како Мис X, со која исто имал четири деца.

Инаку, сопружниците Кејт и Каролина се запознале уште во периодот кога тој работел за Армијата. Каролина работела во домот за лица со пречки во развојот, а Кејт бил член на веб страната Бадоо, каде се обидувал да најде жени кои ќе ги задоволат неговите сексуални фантазии.  По поднесените докази и вештачењата, Бејкер е осуден на 15 години затворска казна за повеќе дела,  а сопругата Каролина на 3 години затворска казна, за помагање и соучество во делата.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено