Блејк Мартин три месеци по ред кроел планови каде и како да ја запроси својата девојка, Шенон Кене. Тој се одлучил за прекрасно место во парк во Кентаки и за да има спомени од романтичниот момент замолил, пријателка, фотографка да го овековечи запросувањето со фотосесија.

Сепак, работите не се одвивале целосно според планот.

Блејк се договорил со пријателката да му пише порака дека сака да испроба нов објектив и го „замолува“ да им направи фотосесија. Шенон не се посомневала во планот и сите тројца тргнале кон паркот. Блејк и кажал на Шенон да позира, така што ќе гледа од мостот, иако таа мислела дека ќе изгледа глупаво. Потоа Блејк клекнал и чекал неговата сакана да се сврти и да ја запроси. Во моментот кога девојката се свртела и го видела прстенот…

…поминал ВЕЛОСИПЕДИСТ. Човекот поминал со голема брзина, извикувајќи: „Извини, извини!“. Парот останал збунет од оваа комична ситуација, но Блејк брзо продолжил: „Многу те сакам. Сакам да го поминам животот со тебе. Ќе се омажиш лиза мене?“. Секако Шенон одговорила со „Да!“, а потоа сите заедно се смееле на фотографијата од романтично-комичниот момент.

25-годишниот Блејк, студент по хемија и 24-годишната Шенон биле во врска 4 години и се запознале на факултет. Тие планираат нивната венчавка да биде во 2020 година.

Сподели на Facebook
пати видено