„Луѓето мислат сништата не се вистински бидејќи тие не се направени од материја, од честички. Но, соништата се вистински. Тие се направени од гледни точки, слики, сеќавања, досетки и изгубени надежи“ – Нил Гајман. Остварувањето на соништата не е возможно за секого. Бидејќи не секој ја има решителноста и убеденоста дека соништата можат да се остварат. А тие кои цврсто веруваат имаат ас во ракавот да ги надминат слабите шанси. Приказната за Грифин Фурлонг е таков пример. Овој бездомен тинејџер матурирал со просек 4.65 во средното училиште Фрст Коуст во Џексонвил, и покрај фактот дека е бездомник, смртта на неговата мајка и безброј други маки и неволји. Неговата приказна е многу инспиративна со пораката никогаш да не се предавате. Тој вели: „Никогаш не дозволувајте некој да ви каже дека не можете да постигнете нешто бидејќи целиот мој живот ми го велат тоа. Луѓето ми велеа дека не сум доволно умен, а сега еве ме овде, најдобар во целиот мој клас.

Teen Named Valedictorian – Shocks His Classmates When He Reveals He’s Homeless

Осумнаесетгодишниот Фурлонг останал истраен на својот пат и матурирал како најдобар во класот и покрај сите препреки со кои се соочувал. Кога имал шест години, неговата мајка починала од леукемија. Неговото патешествие по засолништата за бездомници започнало од неговата седумгодишна возраст. Поминал и низ периоди на глад и преживување кои биле навистина тешки. Но дури и тогаш, никогаш не се откажувал и бил решителен да постигне успех и подобар живот за неговото семејство. Напредувајќи во учеењето, добивајќи стипендии се пробил до бесплатно образование. Нештата му оделе во прилог бидејќи среќата секогаш ги следи храбрите.

Многу малку луѓе знаеле за неговите маки, но благодарение на неговиот успех се стекнал со неверојатна популарност. Сега целиот свет знае за него и неговата инспиративна приказна. Неодамна се здобил со стипендија која му овозможила да се стекне со живеалиште. Наравоучението од ова е дека изреката „Ако верувате дека можете, ќе успеете“ е голема вистина. И запомнете:

„Кога нешто посакувате, целиот универзум кова заговор да ви помогне да го добиете тоа.“ – Пауло Куелјо

Сподели на Facebook
пати видено