Патници на шпанската железничка компанија Ренфе кои ноќта во среда се возеле на линијата Сантандер-Мадрид, во престолнината стигнале со повеќеласовно задоцнување бидејќи машиновозачот го исклучил погонот и застанал среде пат, објаснувајќи дека не може да продолжи бидејќи му истекло работното време. Некои меѓу нив решиле да го продолжат патувањето со такси, а други решиле да чекаат, за на крај на своето одредиште да бидат превезени со автобуси кои во меѓувреме ги оранизирал Ренфе.

high speed train

Според шпанскиот закон, на машиновозачите им е забрането да работат повеќе од шест часа за да избегнат замор и несреќи. Машиновозачот не успеал да најде замена, и поради тоа решил да го испочитува законот.

Сподели на Facebook
пати видено