Употребата на марихуана сепак го крева ризикот за заболување од шизофренија и срцеви напади, се тврди во најзначајното истражување до денес во врска со ефектите на овој наркотик. Се потврдува дека канабисот може да ја олесни хроничната болка и да им помогне на некои луѓе да заспијат, но наводните „медицински придобивки“ на дрогата се отфрлуваат како „недокажани“.

kn

Истражувачите заклучуваат дека не се изведени достаточно истражувања кои би потврдиле дека марихуаната лечи епилепсија – една од главните причини за препишување терапија со канабис. Во научната статија исто така се доведува под сомнеж и употребата на канабис за лекување на канцерогени заболувања, раздразнети црева или извесни симптоми на Паркинсоновата болест, како и тоа дека канабисот помага во борбата со други зависности.

Сподели на Facebook
пати видено