Тој истрчал маратон до Јужниот Пол на температури до -25°С, за педесет дена истрчал педесет маратона – по еден во секоја американска држава – а најпознат е по тоа што истрчал 560 километри за само осумдесет часа и четириесет и четири минути, без спиење. И покрај сето тоа, незапирливиот маратонец никогаш не добил грч ниту му откажале мускулите.

Но, надчовечките способности на Дин Карназис се должат да на неговата невообичаена физиологија. Педесет и тригодишниот човек има ретко нарушување кое овозможува неговото тело брзо да ја исфрла млечната киселина од неговото тело.

mr01

Вообичаено кога вежбаме, телото ја претвора глукозата во енергија, при што како страничен производ се јавува млечна киселина. Како што таа се насобира во мускулите, почнува да предизвикува грчеви и замор како знак дека треба да се запре. Карназис никогаш не ги добива тие знаци, и како резултат на тоа тој може да продолжи да трча без запирање и да се натпреварува на најтешките натпревари во издржливост во целиот свет.

„Навистина чувствувам дека би можел да издржам многу без да се изморам. Без разлика на напорот, моите мускули никогаш не откажуваат. Тоа на некој начин е добро, ако планирам долго да трчам“, вели Карназис.

mr02

За време на еден неверојатен подвиг, тој успеал да трча три дена и три ноќи без одмор – но признава дека требата ноќ му ја одзела сета енергија. А дури и тогаш на моменти продолжил да трча во сон.

„Да се трча толку долго е натчовечки подвиг“, вели Никол Мариа Пинто, физиолог при медицинскиот центар на Калифорнискиот универзитет во Сан Франциско.

mr03

Карназис почнал да трча како дете и почнал да покажува невообичаени вештини на издржливост уште од рана возраст. На училиште, кога неговите соученици успевале да истрчаат петнаесет круга, тој истрчал сто и пет. И покрај тоа, Карназис престанал да трча по завршувањето на средното училиште и никогаш не се вратил на спортот сѐ до неговиот триесетти роденден. Оттогаш не погледнал назад.

mr04

„Не ми е важно колку брзо трчам“, вели тој. „Важно ми е само колку далеку ќе стигнам.“

Во времето кога не е зафатен со трчање, Карназис успеал да напише неколку книги за трчањето и здравата исхрана, и заедно со неговата жена Џули, одгледал две деца.

Сподели на Facebook
пати видено