Рози Нелсон е британска манекенка која бара да се воведе закон кој би ги заштитил манекенките од опасното претерано слабеење. Таа распишала онлајн петиција и еве ја нејзината приказна:

Јас сум 23-годишна манекенка со број на облека од 8-10. Девојката на сликата сум јас. Кога минатата година влегов во една од најголемите манекенски агенции во Велика Британија, ми кажаа дека ги исполнувам сите услови, освен еден – морам да ослабнам. И ослабнав. Четири месеци подоцна изгубив речиси 5 сантиметри од своите колкови. Кога се вратив во истата агенција, ми кажаа да ослабнам уште, да ослабнам `до коска`.

Кога ќе се погледнам во огледало, гледам некој кој е здрав и удобен во својата кожа. Тоа е така бидејќи имав храброст да си го пробијам својот пат и одбивам да им дозволам на луѓето да ми вршат притисок постојано да слабеам. Но, со Лондонската модна недела е сосема јасно дека ни е потребен закон кој ќе ги заштити младите девојки и момчиња, кои се подложени на притисок опасно да слабеат.

Манекенството може да биде многу осамена професија, особено за девојките кои настапуваат во меѓународни води и кои се далеку од вообичаената поддршка од нивните пријатели и семејство. Кога манекенките патуваат, тие често се сместуваат заедно со други манекенки, а да се биде опкружен од девојки кои силно се трудат да останат слаби може да предизвика лоши навики на исхрана и да доведе до нарушувања во исхраната. Сум била на фото сесии кои траеле до десет часа, без да се обезбеди храна – пораката која ви ја испраќаат е дека не треба да јадете. Агенциите кои ги регрутираат манекенките имаат одговорност за добрата состојба на девојките на пистата за време на модната недела, и воопшто во индустријата како целина.

 

manekenka

Рози истакнува и дека оваа година и во Франција се изгласа криминализирање на употребата на манекенки со опасно мала телесна тежина. Тие кои ќе го прекршат законот се соочуваат со казни до 75.000 евра и до шест месеци затвор. Индустријата се разбира протестираше против ова, но законот останува во сила, и многумина веруваат дека тој треба да се примени на глобално ниво.

Сподели на Facebook
пати видено