Имаат ли нешто заедничко? Што е заедничко помеѓу летната долгоденица и Архангел Михаил? Според Библијата, Архангел Михаил е еден од седумте Архангели Божји и главен архангел на Небесното Царство.

Се верува дека задачата на Архангел Михаил е да ги придружува душите на мртвите во пеколот или во рајот.

Преводот на името Михаил буквално значи „Кој е како Господ?“. Според Библијата, Михаил е чувар на телото на Мојсеј. Често, архангелот е прикажан со меч како ја прободува Сатаната – поради неговата храброст и неговиот воен дух, се смета за патрон на војниците. Кога влегувате во речиси секој храм на Православната Црква, можете да видите Михаил, насликан, на влезот од храмот.

Кога ќе дојде крајот на светот, се очекува Архангел Михаел да ја предводи небесната војска во битката против Антихристот.

За да ја изразат почитта кон него луѓето ги изградија некои од најубавите храмови и манастири во светот. Интересно е што ако ставите карта на светот пред вас и ги забележететочките на кои се наоѓаат неговите храмови, не можете да не забележите дека тие се приближно на исто растојание едни од други во совршено права линија. Забележувајќи го ова, не можеме а да не се запрашаме дали ова е направено намерно или е божествен знак?

Да почнеме од Јужна Ирска. Има планина со истото име, Михаил. Во 15 век, ирските монаси изградиле храм во чест на архангелот на островот Скелиг. Дури и сега, местото привлекува илјадници верници од целиот свет.

Корнвол – округ во југозападна Англија, кој се наоѓа на границата меѓу Келтското Море и Ла Манш. На планината со името Михаил, поточно во Заливот во 5 век, монасите изградиле прекрасен манастир наречен „Архангел Михаил“.

На северниот брег на Франција, Нормандија има мал карпест остров каде што можете да го посетите манастирот Мон Сен Мишел. Ако сте таму за време на плимата, не можете да пропуштите неверојатни бранови што влегуваат во карпите. Легендите велат дека во последните 200 години, морските длабочини на островот предизвикале многу жртви – овде се уништени над 500 бродови. Само манастирот останал недопрен со текот на времето и сè уште стои величествен како и секогаш.

Во Грција исто така има манастир посветен на Архангелот. Историчарите велат дека манастирот датира од 450 година, а на неговото место во минатото имало храм во чест на грчкиот бог Аполон. Алпите исто така имаат манастир во чест на Архангел Михаил. Се наоѓа во долината Суза и е честа дестинација за туристите.

Манастир посветен на Михаил исто така постои и во италијанската провинција Фоџа. Базиликата Монте Сант Анджело се наоѓа во Апулија и импресионира со својата убавина.

Во Израел, поточно во градот Хаифа стои „Стела Марис“, која датира од времето на Византиската империја. Според легендите, пророкот Илија некогаш живеел во манастирот. Се наоѓа во една пештера и денес е едно од најпосетените места во Израел.

Погледнете ги сите овие места на мапата. Со внимателна анализа, јасно се гледа дека поврзаните точки формираат совршена права линија, која се преклопува токму со линијата на зајдисонцето додека има летна долгоденица. Ова е линијата која Архангел Михаил ја изминал за да го испрати Луцифер ви пеколот.

Ова е многу интересен случај за стотици научници. А на прашањето дали сето ова е случајно или не, сѐ уште не е пронајден одговор.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено