Лори Рајт од Квинсленд, веќе три години се бори со рак на града. Нејзиниот син Тристан, секојдневно ја гледа како се справува со нејзината болка.  Болната мајка сподели фотографија како тој ја држи за рака, иако нејзината состојба е критична.

Тристан е нејзина најголема подршка од самиот почеток, тоа е нивна заедничка емоционална борба во која покрај смртоносната болест, малечкиот е сведок на болните медицински третмани и терапии низ кои поминува Лори.

Лори е самохрана мајка и тоа дополнително ја отежнало состојбата во која се таа и нејзиниот син. Третманите со кои таа секојдневно се справува се скапи, таа не може да си ги дозволи. Нејзината приказна беше споделена во јавноста и во пресрет и излегоа голем број великодушни луѓе кои организираа хуманитарна кампања со цел да и помогнат.

Хуманитарната кампања во рамки на групацијата GoFundMe, на име Лори Рајт беше отворена пред само 10 дена. Досега се собрани средства во износ од 12.586 евра. Нејзиното семејство и пријателите на овој начин и помагаат, најмногу поради вербата во нејзиниот син, кој се надева дека неговата мајка ќе остане со него.

Сподели на Facebook
пати видено