Ребека Еванс од Англија, работи како новинарка веќе 17 години и за себе вели дека е рационална и разумна личност.

Таа објаснува дека еден ден низ нормален разговор со нејзината 3-годишна ќерка добила морничава информација која не знаела како да ја објасни и таа не е единствената мајка која се нашла во ваква ситуација. Овие деца знаеле детални информации за мртви луѓе, кои не би можеле да ги пткријат самите.

Еден ден 3-годишната Росалин ѝ кажала на својата мајка Ребека: „Имам нов најдобар пријател. Тили. Таа живее во нашата куќа. Таа ми е пријателка, и таа е мртва. Алекс ми е пријател, исто така. Тој живее тука. Тој умрел. Неговата мајка и дедо исто така починале. Се играме бебиња.“

Семејната куќа на Ребека датира од околу 1500 година и се наоѓа во близина на шума, а околу нив нема соседи. Малата Росалин уште кога имала 18 месеци, покажала кон вратата на подрумот и ѝ велела на Ребека: „Види мамо овца!“. Иако Ребека знаела дека порано имотот бил фарма за овци, не го сфатила сериозно детето.

Ребека решила да го истражи случајот. Пописот од 1861 година покажал дека десетгодишно момче по име Александар Тарнер, живеело во куќата. И во евиденцијата 30 години подоцна, стои дека во 1891 година, во куќата живеела Матилда Оке, на возраст од 20 години.

Новинарката не застанала тука и одлучила да најде уште родители кои се во ситуација слична со нејзината. Така ја пронашла Кејти Џоунс, мајка на 6 деца, а нејзината 11 година ќерка Алис со години гледа починати лица.

Кога имала 2 години тврдела дека двајца мажи стојат до нејзиниот кревет и викаат, но нејзината баба, која починала една година пред таа да се роди ги избркала. Девојчето детално ја опишувала облеката на бабата, а мајката вели дека тоа било невозможно таа да го знае. Потоа ѝ кажала дека девојче по име Шејла доаѓа до нејзиниот кревет и плаче по нејзината мајка.

Кејти решила да го истражи случајот и открила дека девојче по име Шејла било убиено во куќата. Кога наполнила 3 години Алис им кажала на родителите дека баба ѝ ја посетила со бебе во рацете по име Мах. Неколку дена пред да го каже тоа на нивните роднини им починало новороденче, кое требало да го носи името Макс, но Алис не знаела ништо за тоа.

Сега кога Алис има 11 години вели дека поретко гледа мртви луѓе, но дека сѐ уште ја гледа нејзината баба, но не се плаши од неа, затоа што знае дека е тука да ја заштити.

Триша Џордан, која работи како медицинска сестра исто така изјавила дека нејзиниот сега 7-годишен син Лука можел да комуницира со починати лица кога бил мал. Триша вели дека кога Лука имал 18 месеци и едвај можел да зборува ја спомнувал неговата прабабаи велел дека таа му помага да заспие, но бабата на Триша починала уште пред да се роди Лука и тоа на почетокот ја исплашило Триша.

Тој потоа почнал да пее песничка, која бабата ѝ ја пеела на Триша кога била дете, а Триша тврди дека никогаш не му ја пеела на Лука. Кога Лука имал 4 години и поминувале до една куќа тој ѝ кажал на Триша дека тука живеела Мартин, но тој починал во пожар. Мајката проверила во пописот и навистина пронашла податок дека во таа куќа живеел човек по име Мартин.

Холи Смит исто така од Англија е сигурна дека нејзиниот 6-годишен син Рајли гледа духови. Тој кога имал 2 години велел дека гледа војник и разговарал со дух кој го нарекувал „Буцко“ и од кој научил нова песничка. Холи вели дека тогаш починал нивниот сосед кој имал вишок килограми.

Некои луѓе веруваат дека сите се раѓаме со „шесто сетило“, но како што старееме го губиме, затоа што децата повеќе веруваат, не се плашат и не се цинични.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено