Можеби малиот Пиклс (краставичка) тежел само 2 килограми, но кога мечка влетала во домот на неговото семејство тој наместо да бега и да се сокрие одлучил да направи нешто за да ги спаси луѓето кои ги сакал.

Неговата сопственичка Тифани Мерил вели дека таа помислила дека ќе умре кога мечка влетала во нивниот дом во Блек Маутин, Северна Каролина. Таа ја отворила вратата само на кратко за да го пушти Пиклс да изврши нужда и во тој момент вратата ја турнала голема мечка.

„Почнав да викам по децата, ‘Затворете ги вратите, затворете ги вратите има мечка во куќата!’“, вели Тифани. По неколку секунди Пиклс реагирал. „Тој почна да лае и ѝ го одвлече вниманието на мечката и така ја изнесе надвор. Ми го спаси животот.“, додава сопственичката.

Таа исто така вели дека ѝ било многу тешко да гледа како не може да му помогне на Пиклс. Таа веднаш го однела на ветеринар, но иако му била извршена операција малиот херој не преживеал.

Сподели на Facebook
пати видено