“Конкурентна плата”- Ние остануваме конкуренти со тоа што плаќаме помалку од нашите конкуренти.

“Придружете се на нашата динаминчна компанија”- Немаме време да ве обучуваме, ќе треба тоа сами да го направите.

“Бараме енергични, отворени, вредни луѓе…”- Кои сѐ уште живеат со своите родители и ќе се согласат со џепарлак што им го даваме.

“Не се држиме до официјалната бизнис облека”- Ние не плаќаме толку многу, па да очекуваме од вас да бидете убаво облечени.

“Строго се држиме до роковите на исполнување”- Ќе бидете половина година назад во распоредот, уште од првиот ден.

“Можно е прекувремено работење”- Понекогаш секоја ноќ, понекогаш секој викенд.

“Работните задачи и обврски не се специфицирани”- Ќе бидете “човек за сè”.

“Треба да внимавате на деталите”- Ние немаме контрола на квалитет.

“Високото образование ќе се смета за плус”- Освен ако не сте ги изгубиле сите тие 4-5 години учејќи нешто безвредно како филозофија, литература или религија.

“Бараме амбицизони луѓе што сакаат да напредуваат во кариерата”- Жените што аплицираат за оваа позиција не треба да имаат деца (И тоа да остане така).

“Аплицирајте лично”- Ако сте стари, дебели или грди, ќе ви биде кажано дека местото е веќе окупирано.

“Ќе ви се јавиме”- Најдовме човек за позицијата, конкуренцијата е само правна формалност.

Сподели на Facebook
пати видено