Видео од надзорни камери го опфати моментот во кој бунтовно дете на кое и Барт Симпсон би му подзавидел се обидува да се сокрие од полицијата. Момчето одлучува да се сокрие во една канта за отпадоци. Тој останал во неа цели 30 минути. Иако вака на прв поглед не изгледа толку страшно, откако сопственикот на кантите и надзорната камера ја раскажал случката работите станале „грозни“.

Зек Пирс е сопственикот пред чиј дом и во чија канта се скри детето. Тој вели: „Само сакав да додадам дека надвор беше 40 степени и кантата беше полна. Исто така имаше валкани пелени и измет од мачка. Буквално смрди на измет и урина само кога ќе ја отворите. Не знам како издржал таму 30 минути.“

„Криминалецот“ потоа гордо си излегол од кантата и си продолжил по патот, но Зек известил дека полицијата успеала да го фати детето по околу еден час.

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.

Сподели на Facebook
пати видено