Менувам 40-годишен маж за двајца 20-годишни. Опција 4 х 10 не се прифаќа.

Сакате вашиот секс да стане незаборавен?! Земајте ги нашите таблети за подобрување на меморијата!

Менувам книга „Радоста на сексот“ за кинга „Венерични болести и нивно лекување“.

Виагра лајтс – ќе ви се сака само да се бакнувате.

Купувам телевизор без реклами.

Mлада жена со конзервативно размислување за сексот сака да се запознае со сличен маж, а најдобро директно со двајца или тројца…

Младо, симпатично девојче со витка фигура, без предрасуди, продава 100 вреќи цемент.

Лесно запалива бара тешко угаслив.

Работам колку 40 луѓе. Барајте Али-Баба.

Децата се цвеќињата во нашето сиво секојдневие. Јас продавам семе…

Изгубено е многу паметно куче! Шарко, ако го читаш ова, те молам, јави се дома!

Претскажувам судбина по пин кодот на вашата кредитна картичка.

Продавам сончоглед: 100 грама – 1 час женско молчење.

Синоока русокоса, 20/174/60, бара Австралијанец за интимна средба на негова територија.

Не којзнае каква сака да запознае некого за нешто таму.

Очна ласерска хирургија! Евтино! Во цената на операцијата влегуваат и бастунче и куче-водич!

Менувам баба за питон. Доплата!

Македонски овчар бара германска овчарка со цел брак.

Фирма бара нова касиерка. Исто така уште ја бара и старата.

Сподели на Facebook
пати видено