Итно се бараат сестри-близначки со голема разлика во килограмите за рекламирање на нов метод за слабеење.

Менувам цимер кој ‘рчи, за цимерка која офка, стенка и воздивнува!

Се продава венчаница! Носена е само еднаш, по грешка.

Млада, убава, со убаво тело, забавна, паметна, добра, ги сака децата, не пуши, не пие… Барај некој да и ги залепи плочките во бањата…

Почитувани дами, ве молиме фаќајте љубовници од населбата, веќе нема каде да се паркира!

Го барам прекрасниот млад дечко со сини очи, црна јакна и темни фармерки, кој страсно ме прегрна во 15-ка на ЈСП, за да не паднам. Врати ми го телефонот, идиоту!

Продавам многу евтино рибарски комплет. Јавете се на тел. 02 XХХХ XХХ. Ако слушалката ја крене маж, ве молиме речете „Извинете! Грешка!“

Загубена е мајката на мојата сопруга. Отиде во Тинекс по пиво и не се врати. Го молам чесниот наоѓач да го врати пивото.

Загубена секретарка, русокоса со сини очи. Одговара на името Шуши. Ве молиме, кој ја најде, да ми ја врати бидејќи новата е уште позагубена.

Курс за враќање на имиџот на деловна жена по забава организирана од фирмата!

Помагам при слабеење. Ги редуцирам вашите закуски, ручеци, вечери. За дополнителни информации – Иван Петров, Студенстски дом Стив Наумов…

Сподели на Facebook
пати видено