Шабудин Јахаја, пратник од Малезија изјавил дека силуваните девојки треба да се омажат за силувачот со цел тој да им помогне “Да свртат нов лист”.Тој исто така рекол дека девојчињата на 9 годишна возраст се физички и духовно спремни за мажење. Неговата теорија е дека на овој начин ќе се решат голем број на социјални проблеми.

Неговите поддржувачи упатија жестоки реакции на изјавите на Шабудин. Тој пред парламентот во Куала Лампур изјавил “Кога зборуваме за 12 и 15 годишни девојчиња ние физички не ги гледаме како такви, затоа што некои од нив имаат тело на 18 годишна девојка. Додека пак некои девојчиња влегуваат во пубертет на 9 години, и тоа ги прави физички и духовно спремни за брак”.

Шабудин овие коментари ги дал додека се дебатирало за законот за сексуална злоупотреба на деца од 2017 година, откако неколку членови на опозицијата сакале бракот со деца да се заведе како прекршок. Шабудин е бивш судија на Шеријатот, и смета дека децата преку бракот ќе живеат подобар и пздрав живот.

Сподели на Facebook
пати видено