Родендените имаат различно значење за различни луѓе. Некои можеби претпочитаат да бидат во центарот на вниманието, додека други сакаат да го привлечат вниманието на светот кон поважни работи. Сакаме да ви раскажеме за малезиска принцеза која направи мала работа на нејзиниот роденден што ја инспирираше целата земја и можеби дури и целиот свет да го стори истото.

Запознајте ја Тунку Путери Интан Сафиназ, принцезата од Кеда, Малезија. На 22 јули 2018 година, таа наполнила 52 години.

На 24-ти јули, биле прикачени фотографии на нејзиниот официјален Инстаграм профил на кои принцезата била во секојдневната облека и собирала пластично ѓубре и го ставала во црни кеси за ѓубре.

Принцезата открила дека нејзиниот роденден го поминала чистејќи една од плажите на Лангкави со својот тим. Резултатите биле импресивни.

Во описот на фотографиите стоело: „Кажете ѝ не на пластиката. Уште една роденденска желба е исполнета.“ Принцезата доби многу пофалби за нејзиното дело и ги мотивираше другите да го сторат истото.

Принцезата се надева дека сите жители на Лангкави, како и жителите на Малезија како целина, ќе почнат да се чувствуваат мотивирани за да го намалат загадувањето и количеството на отпад во светот.

Ова докажува дека да се биде принцеза не секогаш опфаќа седење во палата во елегантен фустан. Ништо не може да ве спречи да му помогнете на светот ако навистина сакате да го направите тоа.

Бонус: Еве како Тајланд ја промовира кампањата „Кажи ѝ не на пластиката.“

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено