Еден човек влегува во продавница за сувенири во Скопје и си бендисува една мала бронзена мачка.
– Колку чини?
– 300 денари за мачката и 5000 денари за нејзината историја.
– А може ли да ја купам само мачката?
– Може, но забрзо време ќе се вратите и по нејзината историја, верувајте ми.
Ја купил човекот мачката, ја зел и си тргнал накај дома. По кратко време забележал дека неколку улични мачки тргнале по него. Бројката се зголемувала и за брзо време мачките што го следеле станале стотици. Човекот почнал уплашено да бега, но се повеќе и повеќе мачки трчале по него. Тогаш стигнал до камениот мост и ја фрлил бронзената мачка во Вардар. Сите мачки скокнале по неа и се удавиле во надојдената река. Човекот преморен од бегање се вратил во продавницата, а сопственикот со насмевка констатирал:
– Ви реков дека ќе се вратите по историјата!
– Не ми треба историјата, ама да не имате случајно еден мал бронсен пратеник?

Сподели на Facebook
пати видено