Од античките времиња, луѓето развивале софистицирано оружје за да го полнат својот арсенали. Во древниот Египет, копешот бил озлогласен смртоносен меч на бојното поле. Копешот обично би бил правен од едно парче бронза, која била прилично тешка и изгледал како нешто помеѓу борбена секира и меч. Дури и Рамзес II е прикажан како користи вакво оружје.

Кога станува збор за Ацтеките нивното најдобро средство на бојното поле бил Макуауитл. Познат како меч на Ацтеките, ова оружје не било вистински меч направен во метал, туку бил направен од дабово дрво. Неговите рабови биле направени од опсидијан(вулканско стакло), а Ацтеките го користеле за да ги сечат грлата на непријателите и да нанесат болни рани кои предизвикувале тешко крварење.

Кога Кортес пристигнал во Централна Америка, тој сигурно бил сведок на силата на Ацтеките на бојното поле. Хрониките од неговите битки и слични историски документи говорат дека Ацтеките биле страшни луѓе. Нивното општество и култура во голема мера биле изградени на воинственост.

Јагуарот и орелот биле симболични предатори во културата на Ацтеките, а воините обично се облекувале за да изгледаат како еден од двата. Тие верувале дека таквиот изглед ќе го шири стравот меѓу нивните противници. Ако новиот воин сакал да се придружи на борбените групи на Ацтеките, тој можел да го стори тоа само ако убие војник од непријателите.

Ацтеките имале добро осмислени системи за тоа како војската треба да функционира и добро развиена стратегија за боиштата. Ацтеките со Макуауитл оделе напред во битката само кога стрелците ќе напредуваат блиску до противникот. Во блиска средба со непријателот, Макуауитлот бил најдоброто средство во рацете.

Макуауитл наликува на палка за крикет и обично бил со должина од еден метар. Додека бројни примери на ова оружје биле управувани само со една рака, имало и други кои барале две раце. Во зависност од големината Макуауитлите имале помеѓу четири и осум остри сечила на секоја страна, но некои од нив имале и само еден раб. Карактеристично за оваа оружје е што сечилата не можеле да се извадат.

Конквистадорите на Кортес, секако, имале многу можности да ја видат моќта на ацтечкото оружје, демонстрирано од прва рака. Неколкумина шпански војници известиле дека овие оружја успеале да обезглават не само човечка глава туку и на коњ. Ножевите ја нанесувале раната толку длабоко во животното, што главата останувала да виси само на кожата.

Спротивно на популарното верување, смртоносниот Макуауитл не бил изум на самите Ацтеките, туку оружје што е широко распространето меѓу одделни групи на Централно Мексико и најверојатно и во други места на Месоамерика. Дури и Кристофер Колумбо бил фасциниран од силата на ова оружје. Тој им дал наредби на своите луѓе да соберат примерок што ќе се прикаже во Шпанија. Денес, не постојат оригинални примероци од оваа оружје.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено