Денеска сакаме да ве запознаеме со првата македонска апликација за спојување – МЧет.

МЧет, локациски базирана апликација за мобилни уреди, ги прикажува корисниците подредени по далечина и на мапа со можност за спојување и запознавање на корисници кои што се во исто географско подрачје. Сепак точната локација никогаш не се открива заради заштита на приватноста и безбедноста на сите корисници.

Покрај ова, апликацијата нуди и неколку дополнителни функции. Корисниците на МЧет можат да прелистуваат кориснички профили како и да ставаат лајк или дислајк на истите. Доколку двајца корисници взаемно стиснат лајк следи совпаѓање со што се отвора опцијата за контактирање по пат на текстуални пораки кои што се составен дел од апликацијата.

Сите корисници можат да ги следат објавите од нивните пријатели, да оставаат коментари на самите објави или да читаат актуелни новости.

МЧет апликација е бесплатна за користење со дополнителна можност за отворање на дополнителни напредни опции за премиум корисници кои чинат само 1.49 долари на месец. Апликацијата работи на Android и IOS мобилни уреди, а може да ја симнете и да ја тестирање на следниве линкови: Google Play (Android) и App Store (iOS)

Сподели на Facebook
пати видено