Македонец оди во скап, луксузен ресторан и почнува да нарачува – салати, ракии, мезе, јадења, вина, десерти, кафиња – речиси целото мени.
По некое време до него се доближува келнерот и го прашува:
– Господине, дали имате нешто против да ви ја донесам сметката?
– Нема проблем, но ќе ве замолам да го прашате газдата на ресторанот, дали може да платам со бисери – одговорил нашиот.
Келнерот се повлекол и по малку се вратил:
– Нема проблем, господине, газдата се согласува.
– Одлично! – рекол нашиот – донеси тогаш една порција школки и стискај палци!

Сподели на Facebook
пати видено