Од една македонска фирма решиле да испратат човек во Кина, за да оствари деловни контакти.
– Што ќе правам таму, кога не знам ни збор кинески? – го прашал тој директорот.
– Кинезите се многу гостопримливи луѓе, а плус ти резервиравме соба во хотелот „Интернационал“. Штом е „Интернационал“, значи знаат секакви јазици. Понатаму снајди се сам.
Пристигнал нашиот вечерта во Кина, отишол во хотелот, влегол во собата и уморен од долгиот пат, веднаш заспал. Сабајлето некој тропа на вратата, влегува едно Кинезче со послужавник во рацете и прашува:
– Цај ке пиете ли или да си е*ам мајката?

Сподели на Facebook
пати видено