Џони Вејд студент од Универзитетот Линколн во Тенеси, учествуваше во експеримент за симулирање на породилни болки и издржа само 20 секунди. Храбриот Џони решил да се жртвува себеси за да види дали ќе може да ги издржи болките низ кои што поминуваат сите мајки.

Еден од неговите колеги го држи и му вели да дише правилно и го тапка по градите. Само неколку секунди откако кажа “Без разлика на тоа што ќе кажам, оди до 10”, Џони почна да моли да се исклучи симулаторот, додека неговите пријатели се газат од смеење. Џони, кој студира за да стане анестезиолог вели: “Болката беше многу голема, не можев да издржам подолго. Сум се повредувал на повеќе начини во минатото преку екстремни спортови, но ништо не може да се спореди со ова!”

“Јас мислам дека ниту симулаторот не може да биде толку болен како породувањето, затоа што тоа е површната болка, чувството е како да ви се растргнуваат стомачните мускули,” вели Џони.

“Најинтересниот дел е што направивме `безбедно зборче`, кое треба да биде знак за тоа кога да се престане со експериментот. При крајот се трудев да го извикам но неможев.”

Тој го прифатил предизвикот затоа што неговата сопруга секогаш се шегувала со него дека никогаш нема да знае каква болка чувствувала таа за време на породувањето. Мажи што мислите дали би прифатиле ваков предизвик?

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.

Сподели на Facebook
пати видено