Мозокот на жената се менува откако таа станува мајка, во буквална смисла. Научниците откриле дека количината на сива материја се зголемува кај мозокот на мајките 4 месеци по породувањето. Но, тоа не е единствената промена. Нивниот цел живот се менува и се претвора во работа со полно работно време.

Сите ние треба да земеме одмор од која било работа што ја имаме и оваа не е исклучок. Нема да бидете лош родител доколку ги оставите децата кај баба и дедо за повторно да можете да си ги наполните батериите.

Кога децата се појавуваат во животот на жената, тие стануваат главниот фокус и има помалку време за потребите на мама. Но, тоа не е причина мајката да заборави на себеси и на нејзиниот одмор. Можеби се чини дека е погрешно да ги оставите децата и да се одморите од нив, но тоа не е така.

Ова не значи дека мајката е лоша, тоа значи дека мајката сака среќа за себеси и за нејзиното семејство. Можно е да се избере било каков одмор: патување до плажа, викенд со пријателките надвор од градот, или само да поминете една ноќ во куќата на најдобрата пријателка. Главната работа е да не ги носите децата и да си посветите малку време на себе.

Мајката се изморува кога постојано ја врши домашната работа и решава прашања поврзани со животот на нејзините деца. Овој замор може да развие стрес и да го расипе расположението што влијае на целокупната атмосфера во куќата. Затоа, мајчиниот одмор е добар не само за неа, туку и за целото семејство.

Таа ќе може полесно да се справи со своите обврски, без да се истури врз другите, и да се справи со следната шега што нејзиното дете ќе ја изведе, со насмевка откако ќе се врати дома. Таа ќе биде добро одморена, полна со сила, и ќе ѝ биде мило што повторно ги гледа своите најмили.

Мајките безусловно ги сакаат своите деца. Но, да бидеме искрени, тие некогаш знаат навистина да ги изморат. И ако мајката оди на одмор, тоа позитивно ќе влијае на нејзиниот однос со своите деца и семејството. Кога нашите најблиски се далеку, почнуваат да ни недостасуваат и да ги цениме повеќе. Тоа е она што се случува за време на отсуството на мајката.

Семејството почнува да го цени она што го прави за нив и нетрпеливо чека да се врати. На неа пак и недостасува домот и сака да се врати порано. Како резултат на тоа, таа го менува својот став кон должностите од „мора“ во „сака“ и го прави следниот појадок за своите деца со уште поголемо задоволство.

Ова не значи дека ние ги повикуваме мајките да го потрошат целиот семеен буџет за нов фустан и луксузен одмор. Туку едноставно да ја остават на некој ден „функцијата“ мајка и да не се грижат за секојдневните обврски во домот.

Мајките заслужуваат одмор. И не ги обвинувајте за фактот дека понекогаш сакаат тоа да биде без нивните деца. И самите тие не треба да се чувствуваат виновни за оваа желба. Време е да се откажат од сомнежите и да се смират. Децата ќе бидат во ред и партнерот ќе го заземе местото на мајката и подобро ќе разбере што прави таа за нив секој ден.

Сподели на Facebook
пати видено